-->

Пронајдени 15 килограми византиски монети

Монетите се наоѓале во ќупови, а датираат од втората половина на 12 век

Околу 15 килограми византиски монети од периодот на втората половина на 12 век се пронајдени при археолошките истражувања на Цареви кули во Струмица.
Станува збор за 4.300 монети кои според археолозите, служеле како платежно средство во градот Цареви кули во времето на првиот самостоен господар на Струмица Добромир Хрст. Монетите се пронајдени во два купа на платото на тврдината.
"Ова претставува една од најголемата оставина на монети што се пронајдени на македонска почва. Истите го потврдуваат владеењето на самостојниот господар Добромир Хрст со Цареви кули во нестабилно време, бидејќи тогаш номадите го заземаат Солун односно се формира второто бугарско царство", вели Зоран Рујак раководител на археолошките истражувања на Цареви кули.
Пред една недела на овој локалитет беа пронајдени монети од времето на Филип Втори. Археолошкиот локалитет Цареви кули интензивно се истражува веќе две години.
Таму со пронајдената праисториска населба од лани и сите докази укажуваат дека на овој локалитет имало цивилизација цели 7.000 години поради што за археолозите, Цареви кули и понатаму претставува голема мистерија.
Извор: vest.com.mk

 

Copyright © 2009 selotejp.com