-->

Снимен објект одалечен 13 милијарди светлосни години!

Астрономите кои го следеле тајниот блесок на енергијата именуван како гама-зрак изјавиле дека во вторникот успеале да снимат фотографија на најодалечениот објект во вселената снимен досега, одалечен дури 13 милијарди светлосни години.


Сателитот Гемини овој месец веќе ја направил својата прва фотографија точно во моментот кога открил голема гама експлозија.

'Нашето инфра-црвено набљудување со Гемини веднаш ја открило необичната експлозија која била многу далеку, а сега ја имаме и сликата како конечен доказ', изјавил Едо Бергер од харвардскиот Центар за астрофизика - Smithsonian.

Тоа е најдалечниот објект кој човештвото успеал да го види, изјавил Бергер.

Експлозијата на гама зраци е најсјаниот тип на ѕвездена експлозија, а настанува кога масивна, кружна ѕвезда останува без гориво и започнува да се руши во црна дупка.

 

Copyright © 2009 selotejp.com