-->

Драмата во Бингемтон заврши со 13 убиени

Драмата во американскиот град Бингемтон заврши со смртта на напаѓачот, кој убие 13 лица во имиграцискиот центар и зеде десетици заложници, пренесоа светските агенции.

Си Ен Ен, повикувајќи се на локалните служби на редот, соопшти дека трупот на напаѓачот бил пронајден во зградата на Американската граѓанска асоцијација.

Водачот на пакистанските талибанци Бејтула Мехсуд ја презеде одговорноста за нападот во имиграцискиот центар во Бингемтон, во државата Њујорк, во кој имигрант од Виетнам уби 13 лица, пред да се самоубие.

-Ја приземам одговорноста. Тие беа мои луѓе. Јас им ја дадов наредбата да се одмаздат за ракетните напади на американските беспилотни авиони, изјави Мехсуд од скривалиштето, чија местоположба не е позната.

 

Copyright © 2009 selotejp.com