Пензиониран продавач на сладолед денес прославува 100 години живеење во ист стан. Алфонсо Де Марко (107 години) е роден во италијанското гратче Cassino во 1902 година, а потоа заедно со татко си во 1909 година се преселил во Eastbourne, Англија. Марко во станот живеел со своите ќерки, Pierina Ciara (78), Elisa Fieldwick (74) и Anita Depilla (62).
- Го обожавам мојот стан. Имав можност да живеам на друго место но никогаш не сакав да се преселам од мојот дом. Моите ќерки ме прашаа дали сакам да живеам со нив, но јас сум среќен тука. Населбата и улиците се променети од кога јас бев дете. Се сеќавам на коњите кои влечеа кочии на мојата улица. Мојот татко исто така има живеено тука и не би можел да се замислам да живеам негде на друго место, изјави Алфонсо.
Човек живеел 100 години во ист стан
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)