-->

Zastava го произведе првото Punto по лиценца на италијански Fiat

Крагуевачката фабрика за автомобили „Застава“ денеска го промовира првото „Пунто 188“, од пробната серија од 35 автомобили, кој ја носи ознаката ФИАТ.

Промоцијата на првиот примерок на „пунто“, кој е песок боја, со сериска ознака 7.000.001, помина без голема прослава, но во присуство на многубројни новинари и сниматели.

Како што најави претседателот на Управниот одбор на италијанската фабрика за автомобили „Фиат“, Џовани дефилипис, дневно ќе се произведуваат 20 возила, а до крајот на следниот месец дневното количество би требало да биде зголемено на 100.

Со субвенционирано кредитирање од државата, за купување на автомобилите „пунто“, произведени по лиценца на „Фиат“, чекаат речиси 20.000 граѓани на Србија.

 

Copyright © 2009 selotejp.com