-->

YouTube ќе ги блокира британските спотови

Youtube ќе ги блокира сите музички видеа кои потекнуваат од Велика Британија откако Google, сопственикот на Youtube, по истекувањето на важечкиот договор, не постигна нов договор со тамошната агенција за заштита на правата на изведувачите.

Агенцијата за заштита на авторски права побарала зголемување на надоместот кој им се исплаќа на авторите, и тоа поради се поголемиот број на прегледи на видеата на Youtube.

Google тешко се одлучи на овој потег, бидејќи знае какво разочарување ќе им донесе на корисниците, но во компанијата велат дека во спротивно секое прегледување на видеата под тие услови би било губење на пари.

"Ние ја цениме креативноста на музичарите и текстописците и се трудевме да постигнеме задоволуваќки договор, но агенцијата сега бара премногу пари, многу повеќе отколку што плаќавме претходно", се вели во изјавата на Google.

 

Copyright © 2009 selotejp.com