-->

Watchmen ги растури кино благајните

Долгоочекуваната премиера на филмот Watchmen резултираше со заработка од 55,7 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето.

Фановите на субревзивниот стрип на Алан Мур и Дејв Гибонс со години чекаа на негова екранизација. 55 милиони долари е респектабилна бројка за филм кој трае скоро три часа.

И покрај кризата и кукањето на филмските студија дека пиратеријата им ги намалува приходите, заработката од филмовите константно расте. Оваа година само во САД пораснала за 14%.

 

Copyright © 2009 selotejp.com