-->

U2 на 9 август ќе одржат уште еден концерт во Загреб!

Ирската група U2 ќе одржи уште еден концерт на максимирскиот стадион во Загреб, и тоа еден ден претходно, т.е. 9 – ти август. Влезниците започнуваат со продажба од петок, 3 април.



Градот Заграб се согласил на одржување на уште еден концерт на групата U2, а одговорот на бендот, и тоа најверојатно позитивен, пристигнал.

Откако за само неколку часа се распродадени сите карти за концертот на ирската група, промптно започнале преговорите со Lupa, менаџментот на U2, Live Nation и градот Заграб.

“Можам само да кажам: Bono Vox и U2 два пати во Загреб, и тоа 9 и 10 август оваа година.“- изјавил градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, на прес-конференцијата, а пренесуваат хрватските медиуми.

Цените на влезниците за концертот ќе останат исти, а од организаторите се дознава дека во интернет продажба ќе се пуштат 25% од влезниците, додека остатокот ќе се најдат во слободна продажба.

Продажбата на картите на интернет ќе започне во петок 3 април во 6 часот, додека во 9 часот ќе започнат да се продаваат на сите продажни места на Ticketpro. Организаторите порачуваат дека проблемите со север се решени, и така да не се очекуваат гужви како оние изминатиот петок.
Исто така нема да може да се бира место, туку купувачите ќе можат да го добијат најдоброто моментално расположливо место во ценовниот оддел за кој бараат карта. Токму бирањето на места најмногу ја отежнувало продажбата на првиот концерт, пренесуваат хрватските медиуми.

 

Copyright © 2009 selotejp.com