T-Mobile ќе почне со продажба на iPhone 3G на 6 март со почетна цена од само 1 денар. iPhone 3G е комбинација од три производи во еден – иновативен телефон, iPod со голем екран и напредна интернет алатка што овозможува извонредно мобилно искуство. Со брзиот интернет, GPS мапирање и поддршка на деловни апликации од типот на Microsoft Exchange, iPhone 3G ви нуди многу повеќе можности. iPhone 3G во моментов е достапен во повеќе од 70 земји во светот. „Многу сме горди што го донесовме iPhone 3G во Македонија. Нашите корисници со нетрпение го очекуваат иновативниот iPhone“ изјави Мајкл Лоренс, Главен извршен директор на T-Mobile Македонија. iPhone 3G ќе биде достапен од 18:00 часот на 6 март, во репрезентативниот салон на T-Mobile на плоштадот Македонија во Скопје. Од овој ден па натаму, iPhone ќе се продава во пет продажни салони на Т-Mobile низ Скопје: репрезентативниот салон, салонот во ТЦ Рамстор, во Управната зграда на Т-Mobile, во Градскиот трговски центар и во продажниот салон во Карпош 3 (Лептокарија). iPhone ќе биде достапен и во 5 градови низ Македонија: Тетово, Охрид, Битола, Струмица и Куманово. T-Mobile ќе понуди три тарифни модели создадени специјално за iPhone 3G, почнувајќи од 1 денар и со вклучени 4GB податоци. Месечните претплати се движат од 900 ден. со износ што може да се искористи за повици или за SMS пораки. Корисниците ќе можат да го купат iPhone 3G и со постојните тарифни модели на T-Mobile. За повеќе информации или за регистрирање, ве молиме посетете ја веб страницата: http://www.t-mobile.com.mk/iphone |
T-Mobile го донесе iPhone 3G во Македонија
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)