-->

Pentax со 30 мегапиксели

Pentax навистина работи на развојот и промоцијата на својата линија на DLSR фотоапарати, па најави издавање на DSLR кој изработува фотографии со резолуција од 30 мегапиксели и почеток на продажбата на ограничени серии на некои од своите постоечки фотоапарати.

Pentax 645 е најавен за 2010 година и тогаш на пазарот ќе понуди изработка на фотографии во резолуција од 30 мегапиксели. Моментално, конкурентите на Pentax - Canon и Nikon нудат фотоапарати со резолуции од 21 и 24 мегапикели, соодветно. Со вака високата резолуција, Pentax би можел да се споредува со реномираниот Hasselblad.

Излегувањето на моделот Pentax 645 Digital ќе биде пропратено со издавањето на објективот FA645 ddmm F2.8. Цената за двата производи сеуште не е објавена, но веруваме дека ќе биде прилично висока.

Откако одлучи својот модел K-m да го обои во зелено, Pentax својот топ модел на DSLR фотоапарати K20D го преоблече бо титаниумската боја и ќе го продава во пакет наречен Titanium Colour Premium Kit. Пакетот покрај фотоапаратот содржи и додаток D-BG2 за вертикално држење и сликање со реални бои. Додатокот има активна дополнителна батерија за фотоапаратот, со што му се продолжува автономноста на траењето, а во него има простор за резервна мемориска картичка и место за далечински управувач.

Слично како и моделот K-m со зелена боја, и К20D Titanium ќе биде произведен во ограничена серија од 1000 примероци. За сега не е познато дали воопшто овој апарат ќе може да се купи надвор од Јапонија. Pentax Titanium влегува во продажба во октомври оваа година, a цената по која ќе се нуди сеуште не е позната.

 

Copyright © 2009 selotejp.com