-->

Motorola се откажа од Александар

Не збориме за нашиот, туку за мобилниот. Motorola повторно се соочува со проблеми во својата мобилна дивизија - па поради тоа е откажан долго најавуваниот модел наречен Alexander, кој треба да работи на Windows Mobile оперативен систем и има лизгачка QWERTY тастатура, како и голем екран осетлив на допир.

Според некои информации, овој мобилен телефон најверојатно никогаш и нема да се појави на пазарот. Освен со Alexander, Motorola има сериозни проблеми и со промовирањето на моделот A1300, попознат како Atilla, кој требаше да се појави во ограничени количини заедно со излегувањето на Alexander.

Многумина веруваа дека токму овој мобилен телефон ќе донесе нов оптимизам во мобилната дивизија на Motorola која веќе подолг период стагнира - нешто слично како еуфоријата што во минатото успеа да ја создаде моделот RAZR. Ех, да знаеа во Motorola само колку потенцијални и загреани купувачи ќе имаше овој телефон во Македонија и Грција, сигурно немаше да донесат ваква одлука.

Мобилната дивизија на Motorola моментално гледа надеж за успех исклучиво во останатите нови телефони (најавени за 2010), кои ќе работат на Android.

 

Copyright © 2009 selotejp.com