-->

Microsoft го подготвува новиот Surface

Microsoft планира во наредните две до три години значително да го надгради компјутерот Surface, но засега нема официјално соопштение за проектот.

Џо Олсен, чија компанија работи на развојот на софтвер за Microsoft Surface изјави дека моментално се работи на развојот на втората генерација на овој компјутер. Пред две години Бил Гејтс го претстави компјутерот кој изгледа како масичка, но целата горна површина му е екран осетлив на допир. Корисникот само со помош на овој екран остварува интеракција со компјутерот, а таа не се состои само од команди зададени со допир, туку машината може да ги препознава и објектите кои се ставаат врз него па може да се поврзи со мобилниот телефон оставен врз него или да секнира и „прочита“ некој текст оставен врз екранот.

Microsoft планираше Surface најмногу да се користи во деловни цели, во туризмот и инфо-киосците, но и покрај импресивните можности на компјутерот неговата продажба не одеше најсјано. Сепак, гигантот не се откажува и моментално работи на втората генерација од Surface, наречена Second Light.

Со надградбите ќе се додаде проектор кој ќе може да проектира слика еден слој над екранот, со што ќе се овозможи преклопување на сателитски снимки и географски мапи. Освен ова, Second Light ќе добие и инфрацрвени сензори со помош на кои задавањето команди нема секогаш да мора да оди преку допирање на екранот. Покрај ова, се очекува и надградба на сите постојни функции на Surface.

 

Copyright © 2009 selotejp.com