-->

Kако најлесно до рамен стомак?

Многумина мислат дека единствениот пат до рамен стомак е неуморното вежбање на стомачните мускули. Но, факт е дека за појавата на стомакот најзаслужни се нездравата исхрана, недоволното движење и лошото држење на телото.

Избегнувајте газирани пијалоци и гуми за џвакање
Поголемиот дел од цревните гасови се создаваат од проголтаниот воздух. Газираната минерална вода заменете ја со обична и додајте и парче лимон кој има благотворно дејство врз желудникот бидејќи е природен детоксикант. Гумите за џвакање не само што ве тераат на голтање воздух туку и го „лажат“ желудникот кој испраќа сигнал за потреба од храна.

Избегнувајте го белото брашно и неговите деривати
Белото брашно и производите направени од него, како белиот леб и тестенините, имаат малку или воопшто немаат прехрамбени влакна во себе. Поради тоа го блокираат дигестивниот систем и предизвикуваат надуеност. Белиот леб заменете го со 'ржаниот, белиот ориз со кафеав и користете интегрални тестенини.

Намалете го внесувањето на млечни производи
Возрасните лица немаат ензими како малите бебиња кои можат да ги апсорбираат хранливите состојки од млекото. Поради тоа преработката на млекото станува тешка и предизвикува киселини во цревата, а тоа пак создава нерамнотежа кај цревните бактерии и создава дигестивни пречки, како што ја намалува апсорпцијата на хранливи состојки. Со намаленото внесување на млекото и млечните производи надуеноста би требало да се намали веќе за две недели.

Пијте чаеви и топла вода
Топлата вода сама по себе влијае на преработката на храната бидејќи ги опушта мускулите. Од чаевите се препорачуваат оние од камилица и мента.

И релаксирањето помага
Кога сте под стрес, вашето тело лачи кортизол, хормон кој е произведен од адреналните жлезди. Ова помага кон создавањето на шеќер во крвта која потоа доаѓа до крвотокот и го полни со „енергија“ за да можете поуспешно да се борите со стресот. Вишокот на шеќер кој не се користи се складира во облик на маснотии. Нашиот систем всушност е еден механизам за преживување кој за време на еволуцијата ни помогнал да бегаме од опасните животни, но денес нашето тело не може да разликува таква опасност од деловниот, емоционалниот и финансискиот стрес. Доколку стресот потрае, тоа значи дека хормонот се опушта, не се користи и резултатот е насобирање на масни наслаги.

Вежбајте
Многу е важно да правите кардио вежби доколку сакате рамен стомак. Ова подразбира и трчање, возење на велосипед, аеробик и пливање. За зголемениот стомак чуда прави и тренирањето кик-бокс.

Избегнувјте овошје после оброкот
Јадењето на овошје веднш после оброкот доведува до ферментирањена овошјето што предизвикува гасови и надуеност. Стомакот ќе ви се „натпреварува“ а надуеноста може да ве направи позаморни, поради што ќе сакате да посегнете по нешто слатко што ќе ви се најде во близина за побрзо да го дигнете нивото на енергија. Се препорачува избегнувањето на овошје и во попладневните часови.

Активирајте ги стомачните
Ставете ги рацете на стомакот и искашлајте се. Кога ќе го исфрлате воздухот, стомачните мускули се стегаат према телото. Обидете се да го повторувате ова подолг временски период, задржувајте го телото во таа позиција. Рамената попуштаат и правилно дишите.

 

Copyright © 2009 selotejp.com