-->

IE 8 ќе може да се отстрани од Windows 7

Се чини дека заканата на Европската комисија со нова казна за Microsoft поради интергирањето на Internet Explorer во Windows вроди со плод.

Моменталната пробна верзија на Windows 7, Build No. 7048 до која пристап има само одбран круг луѓе кои ја тестираат има можност да се отстрани Internet Explorer 8. Се чини дека Microsoft не сака повеќе да ризикува со казни од Европската комисија, која минатиот пат му изрече казна поголема од милијарда долари, па одлучи да ги послуша најновите предупредувања на регулаторното тело.

Најновиот конфликт на Microsoft со Европската комисија го започна норвешката Opera, а подоцна се приклучија и Mozilla и Google. Произведувачите на алтернативните прелистувачи сметаат дека Microsoft има нечесна предност со дистрибуцијата на IE во Windows и дека така им го намалува изборот на корисниците. Интересно е што Opera не бараше отстранување на IE од Windows, туку вклучување и на другите прелистувачи во дистрибуцијата на оперативниот систем.

Се појавија и претпоставки дека Microsoft би можел да го одложи излегувањето на Windows 7 за некој месец поради барањата на Европската комисија, но компанијата не сакаше да коментира никакви датуми за излегувањето на новиот оперативен систем.

 

Copyright © 2009 selotejp.com