Според пишувањето на Wall Street Journal, IBM започна преговори околу превземање на компанијата Sun Microsystems за сума од најмалку 6.5 милијарди долари. Веднаш по оваа објава, акциите на Sun пораснаа, а разврската се очекува во текот на оваа недела.
Акциите на Sun пораснаа за дури 64%, на 8.17 долари, додека оние на IBM паднаа за околу 2 отсто - на 91.14 долари.
Според Wall Street Journal, превземањето на Sun би му помогнало на IBM на финансискиот и телекомуникацискиот пазар, додека во Sun би можеле да бидат задоволни со наведената "мрсна" цифра од околу 6.5 милијарди долари, бидејќи до првата објава околу превземањето, вредноста на оваа компанија изнесуваше околу четири милијарди долари.
Засега, од двете компании избегнуваат да ги коментираат наодите, па останува наскоро да видиме дали има вистина во пишувањето на WSJ.