Британката Faye Sharpe (18) истражувајќи го соседството Bethnal Green во источен Лондон забележала необични летала.
“Гледав на улицата за да ги видам своите пријатели. Видов нешто необично и ја зголемив фотографијата.“- рекла Faye.
Таа прво помислила дека се авиони, меѓутоа биле преблиску.
“Можеби беше НЛО.“- додала тинејџерката.
Експертот за НЛО, Nick Pope е навистина возбуден заради фотографијата која ја опишал како ’навистина фасцинантна’.
“Изгледа како да прикажува девет објекти, во облик на топки како летаат во совршена формација.“- рекол експертот коj некогаш истражувал необични појави за Министерството за одбрана.
Тој ги преиспитал сите можности кои обично ги објаснуваат необичните појави, но ниту една не одговара на овој случај.