-->

Google Mars

Со додатокот на новата верзија на Google Earth наречен Google Mars, oд завчера корисниците се во можност да ја истражуваат црвената планета со помош на своите компјутери, односно виртуелно да отпатуваат на Марс со леталата кои таму ги има пратено NASA. Може да се прегледуваат карти на Марс постари од еден век, како и нови слики направени со помош на камерите на вселенските летала.

„Сакаме да го истражуваме сеуште недопрениот простор на Марс, а оваа иновација сигурно ќе ни помогне во тоа“, изјави портпаролот на Гугл. Инаку, леталата кои се лансирани на Марс открија присуство на големи количини на вода односно на санти мраз. Поради ова, научниците веруваат дека на оваа планета можеби постојат некакви примитивни форми на живот.

Моментално црвената планета е домаќин на три летала - орбитери, кои праќаат слики за потребите на Google Mars - Odyssey, Express и Mars Reconnaissance.

Знаејќи ја маркетинг шемата на Гугл, може да очекуваме „неверојатни откритија“ на „корисниците“ неколку дена постартувањето на сервисот :)

 

Copyright © 2009 selotejp.com