-->

Корисниците го исплукаа новиот дизајн на Facebook

Новиот дизајн на Facebook не најде на воодушевување кај корисниците. Напротив, од околу 800.000 корисници кои го дадоа својот глас во анкетата за тоа дали им се допаѓа редизајнот, повеќе од 94% се изјаснија негативно. Корисниците го исплукаа новиот дизајн со објаснување дека тој е потполно "непрегледен".

Најголем број од коментарите на анкетата се едноставно "тотално промашување", "премногу информации" или "порано изгледаше многу подобро и попрегледно". Додека едни бунтуваат поради преоптовареноста со многу непотребни информации на своите профили, други веќе организираат разни петиции, групи, па дури и трикови околу тоа како може да се врати стариот дизајн.

Доколку сте Facebook корисник, сигурно и вие веќе имате добиено некоја од овие покани - барем од тројца од вашите контакти.

Facebook моментално има повеќе од 175 милиони корисници, а сонот на неговиот основач Марк Зукерберг дека до крајот на 2009. бројот на корисници ќе надмине 200 милиони, сериозно може да се разниша доколку неговиот тим не стори нешто во врска со конфузниот дизајн.

Многу од корисниците, разочарани од изгледот на Facebook, веќе најавија дека многу поретко го користат овој популарен сервис - па дури најавија и бришење на своите профили.

И вие може да дадете ваша оценка за новиот дизајн. За да го сторите тоа, треба да бидете постоечки корисник веќе најавен на сервисот и да кликнете тука.

 

Copyright © 2009 selotejp.com