Во Јапонија премиерно е претставен Dell Studio One 19, десктоп компјутер со одличен дизајн. Освен убавиот изглед, овој компјутер носи и некои иновации. Да, знаеме дека потсетува на iMac :)
Во куќиштето на 18.5 инчниот монитор со резолуција од 1.366х768 пиксели се наоѓа Intel Core 2 Quad процесор со 4 гигабајти меморија, хард диск со капацитет од 750 гигабајти, како и графичка картичка Nvidia GeForce 9400. Oсвен тоа, тука е и Блу-реј читачот, интегрирана веб камера со резолуција од 1.3 мегапиксели и шест УСБ влезови.
Интересно е дека во една од конфигурациите мониторот е осетлив на допир, па ако сакате да ги импресионирате пријателите со оваа (моментално прилично бескорисна) новина, само повелете. Цената е отприлика 1.538 американски долари, а кога овој компјутер ќе се појави на пазарот ширум светот и кај нас, сеуште не знаеме.
На елегантен начин Dell се повеќе ги копира Mac и јас мислам успешно.