Според германскиот магазин Der Spiegel, Daimler и BMW работат на здружување, за со заеднички сили да ја преживеат најголемата криза на автомобилската индустрија во последните неколку децении.
Der Spiegel тврди дека двете компании меѓусебно ќе си разменат удели. Daimler ќе добие седум проценти од акциите на BMW и обратно. Сепак, сите не се согласуваат со овој план. Семејството Квант кое поседува 46% од сопственичкиот пакет во BMW стравува дека Daimler би можел да се обиде непријателски да го превземе BMW.
Нивното стравување го темелат на последното партнерство на Daimler кога германската компанија влезе во "подеднакво" партнерство со Chrysler, за набргу потоа да превземе контрола врз американскиот производител на автомобили.
Според пишувањето на Der Spiegel, и покрај стравувањата, семејството Квант нема да може да го спречи спојувањето на двете компании, а на помош на надгледување на процесот повикана е и државата.