-->

Ријана во римејк на The Bodygard

Пејачката од Барбадос наводно планира да се испроба и во актерските води, а кршењето на мразот би требало да се случи со главната улога во римејкот на романтичната драма од 1992 година во која главни ѕвезди беа Витни Хјустон и Кевин Костнер.

Ријана, која во последно време е актуелна по некои други случувања околу нејзиниот лик и....океј, само нејзиниот лик, наводно веќе долго време е во потрага по соодветно сценарио со кое ќе ја започне својата кариера и на големото платно. По се изгледа дека одлуката паднала на римејкот на The Bodyguard, каде Ријана ќе ја има улогата која во 1992 година ја одигра Витни Хјустон.

Споредувајќи го животниот пат на Витни Хјустон и љубовните перипетии кои ги имаше со нејзинот сопруг Боби Браун, со последните случувања поврзани со младата Ријана, не се сомневаме дека девојката сосема коректно ќе се снајде во оваа улога и во најмала рака ќе го повтори актерскиот квалитет на Витни Хјустон (ако таа улога воопшто може да се нарече „квалитетно одиграна“).

Сосема е разбирлива фасцинацијата на младата пејачка од нејзината повозрасна колешка со завидна кариера, но се прашуваме колку е паметно потполно да се повторуваат сите нејзини чекори: први места на топ листите, улогата во The Bodyguard, јадењето ќотек од љубениот... Бидејќи, она што следи е запловувањето во наркотичните ветришта и уништување на музичката кариера.

A можеби продуцентите на филмот во неа виделе идеална актерка за оваа улога, бидејќи филмот може да биде снимен многу лесно - и повеќе да наликува на риалити шоу, отколку на филм - а сепак да носи пари од жедната за скандали публика :) Се што треба е една камера која ќе ја следи постојано, а во улогата на негативец да биде нејзиниот личен „шминкер“ Крис Браун.

 

Copyright © 2009 selotejp.com