-->

Ретро: BMW 2002

Баварскиот производител на автомобили во својата богата историја има цела низа модели со кои може да се пофали, но автомобилот кој на BMW му донесе пресврт и репутацијата која денес ја ужива е моделот 2002.

Моделот 2002 се појави во 1966 година, а BMW тогаш беше далеку од статусот и положбата во автоиндустријата кои ги ужива денес. Во тоа време, баварскиот производител сеуште се опоравуваше од штетите и кризата предизвикани од Втората светска војна. BMW се наоѓаше далеку зад Volkswagen и Mercedes-Benz, a 2002 е првиот автомобил од Минхен кој успеа еднаш засекогаш за BMW да и стави крај на фазата на преживување, или подобро речено - живуркање на дното.

2002 од самиот старт стекна статус на автомобил за сите оние кои сакаа семеен автомобил, но со две врати, кој ќе може да се вози спортски и ќе пружи задоволство при возењето. Спортскиот и софистициран автомобил на BMW покажа дека дека на перформансите не треба да се гледа само од агол на забрзувањето и максималната брзина, туку и од агол на возните карактеристики и доживувањето зад управувачот. Моделот 2002 многу брзо стана популарен ширум светот, посебно поради репутацијата на BMW како квалитетен производител со врвна механика и висококвалитетно инженерство. Автомобилот го движеше силен 120 коњски бензински мотор со четири цилиндри кој со челичниот блок и алуминиумската глава, како и со едноставната конструкција, скоро три децении им служеше на бројните производители како мерило при изработката на погонски единици.

BMW 2002 до 1977 година е продаден во неверојатни 860.000 примероци, а го замени првата серија 3, но тоа е веќе сосема друга приказна.

Во 1972 година, во BMW одлучија дека на моделот 2002 добро би му дошол малку посилен мотор. Дволитарскиот четирицилиндраш SOHC со два вентили по цилиндар и со механичкото директно вбризгување на Kugelfischer развиваше 130 коњски сили при 5.800 вртежи во минута и 178 Nm вртежен момент при 4.500 вртежи. На илјада килограми тешкиот автомобил со заден погон и четиристепен мануелен менувач ова му беше доволно да забрза до стотка за помалку од десет секунди и да постигне дури 190 км/ч максимална брзина

Токму овој автомобил, на BMW засекогаш му ја донесе репутацијата на производител на автомобили кои гарантираат спортско доживување при возењето.

 

Copyright © 2009 selotejp.com