Австралија ја потресе случај во кој девојка била ослободена од секаква должност, повикувајќи се на процедурата 'Nolle prosequi', инаку поротата сигурно би ја осудила за убиство. Таа била ослободена да го продолжи својот живот без очувот монструм и пеколот во кој живеела до тогаш.
Неименувана девојка била сослушувана пред судот за убиство кое го направила во 2007 година. Таа во разговорот со полицијата признала дека очувот го убила со сачмарка, потоа го исецкала на мали парчиња и го закопала во дворот.
Очувот (34) сексуално ја малтретирал девојката од нејзини 14 години, а полицијата пронашла 10.000 фотографии од сексуално експлицитна содржина кои очувот ги направил за време на пет годишната сексуална тортура. Таа изјавила дека доколку не соберела храброст да го убие него, сигурно ќе извршела самоубиство. На било каков начин на мачењето морала да стави крај.
Најтажно е тоа што за време на нејзиното пет годишно малтретирање никој ништо не успеал да превземе, иако многумина се сомневале, а нејзините пријатели во училиштето пријавиле за можна нејзина тортура.
Како и да е, девојката на крај правдата морала да ја превземе во нејзини раце, а австралискиот правосуден систем постапил токму онака како би постапил секој од нас. Правдата очигледно не е слепа и глупа баш секаде.