-->

ИКЕА aвтомобил

Познатиот шведски производител на мебел ИКЕА се впушта и во производството на автомобил; така барем тврдат на сопствената веб страница.

Иако не располагаме речиси со никакви идеи за деталите кои ќе се имплементираат во концептот на ИКЕА, официјално претставување е најавено за (внимавајте добро) први април, оваа година.

Според воведот на дизајнерот Кристофер Гришано на интерактивната страница на ИКЕА, концептот всушност е купе кое се претвора во кабриолет, а проектот е поддржан и од светското здружение за заштита на животинскиот свет од Франција (се повеќе мириса на првоаприлска шега која се подготвува „со време“)

Се чини дека сепак ќе мора да причекаме до први април за повеќе детали, а во меѓувреме може да правиме шеги на сметка на досадните детални упатства за употреба кои ќе се делат за потребите на овој автомобил.

Или пак, доколку претпоставиме дека ова е вистина, веројатно е дека вратите нема најдобро да одговараат на телото на автомобилот. Па ќе мора да се трудите навистина напорно да ги искористите малите штрафцигери со цел моторот да не го тресе автомобилот премногу. А само замислете колку многу штрафови ќе треба да употребите за да го фиксирате воланот...

 

Copyright © 2009 selotejp.com