Силна експлозија одекна пред Грчката корпорација за државен имот во централниот дел на Атина, при што е нанесена сериозна материјална штета, јавија грчките медиуми.
Во експлозијата нема убиени и повредени.
Во инцидентот е причинета штета на соседните згради и на паркираните автомобили кои се наоѓале во близина.
Експлозивната направа била поставена во најлонска кеса и заврзана за уличен столб до влезот на зградата.
Засега никој не ја презел одговорноста за нападот.
Првично беше соопштено дека пред зградата експодирал автомобил-бомба.
Грчката корпорација за државен имот, чие седиште се наоѓа на 250 метри од главната станица на атинската полиција, управува со државниот имот и е под контрола на Министерството за финансии.
По масовните протести во декември минатата година, кои често пати беа одбележани со насилство, грчките власти се соочени со серија напади на локални екстремистички групации.