-->

Четири ситници кои мажите секогаш ги забележуваат

Мажите и жените се разликуваат по многу работи, па меѓу другото и во тоа како гледаат на светот околу себе. Додека жената забележува дали мажот има уредни нокти и раце, мажот ќе го проучи целиот производ.

Без оглед на тоа дали доаѓате на состанок во патики или скапоцени високи потпетици треба да припазите на овие четири ситници.

1. Што порачувате во ресторанот – заблуда е дека мажите очекуваат да јадете како пиле. Премногу холивудски филмови ги уверило дека жените живеат од салати и секогаш го одбиваат десертот. Без оглед на тоа кој седи спроти вас, нарачајте го она што ви изгледа најдобро во менито, па макар тоа било и салата.

2. Како сте облечени за првиот состанок – не морате да ја потрошите целата заштеда на скапоцен фустан. Просечен маж не разликува брендирани фустани. Ако му се допаѓа она што е под облеката, облеката е само бонус.

3. Како мирисате – жените секогаш треба да мирисаат чисто и привлечно. Но, она што е за вас привлечно, не мора да значи дека е и за него. Затоа немојте да се бањате во парфем. Ставете го на неколку стратешки точки и заведете го суптилно.

4. Секогаш кажете ’благодарам’ – не морате на крајот на вечерата да му кажете дека својот првороден син ќе го крстите по него, но едноставно ’благодарам за преубавата вечер’ ќе му даде на мажот до знаење дека имате добри манити и дека сте си поминале убаво.

 

Copyright © 2009 selotejp.com