-->

Мајкл Џексон руши веб страници

Веб страницата која продава влезници за концертите на Мајкл Џексон падна поради навалата на заинтересираните фанови на кралот на поп музиката.

Англија е зафатена од „Џексономанија“ - организаторите најавуваат нови датуми бидејќи одзивот на публиката е над сите очекувања, а веб страниците кои ги продаваат билетите за неговите концерти во O2 Арената во Лондон се срушија поради неможноста да поднесат толкава навалица на посетители на сајтот одеднаш.

Michaeljackson.com завчера во поголемиот дел од денот беше неактивен поради пад на серверот, но ова за организаторите се само добри вести, па веднаш додадоа уште еден датум на листата на неговите планирани настапи - така што за сега Мајкл Џексон во лондонската Арена ќе настапи дури 11 пати!

Освен доколку во наредните денови не додадат уште некој датум...

 

Copyright © 2009 selotejp.com