Најновиот албум на Мадона за издавачката куќа Warner Bros би требало да го здогледа светлото на денот во септември, а наводно - заедно со некои нови песни, првенствено ќе биде колекција на досегашните хитови.
Новите песни за неименуваниот албум Мадона би требала да ги сними ова лето. Ова треба да е нејзина прва колекција на хитови по осум години. Во 2001 година го издаде GHV2, а пред тоа во далечната 1990 го издаде Immaculate Collection.
Во последно време често се пишуваше за нејзиниот приватен живот, односно за врската со двојно помладиот Хесус Луз, и за големата желба да заигра во филмот за Волис Симпсон, отколку за нејзината музичка кариера.