-->

"Сувенир" повторно на продажба

Фабриката „Сувенир“ АД од Самоков од денеска поворно се нуди на продажба преку тендер.

Според тендерот што го објави стечајното раководство, почетната цена по која се продава фабриката е 100 милиони евра, а заинтересираните купувачи се обврзуваат да ги задржат вработените на работните места најмалку пет години по купување на капацитетот.

„Сувенир“ се продава преку тендер по трет пат. Имотот на фабриката од неодамна е повторно во сопственост на државата, откако грчката фирма на која беше продадена не ги исполни условите од купопродажниот договор.

Понудите на потенцијалните купувачи ќе бидат отворени до 16 јуни.

 

Copyright © 2009 selotejp.com