-->

Прогласени најголемите непријатели на интернетот

Соработката на организацијата "Репортери без граници" со Амнести Интернешнл на проблемот за цензура на интернет резултираше со извештајот "Непријатели на интернетот" кој ги наведува и опишува 12-те држави - најголеми цензори.

Дванаесетте непријатели на интернетот се Бурма, Кина, Куба, Египет, Иран, Северна Кореја, Саудиска Арабија, Сирија, Тунис, Туркменистан, Узбекистан и Виетнам. Сите наведени сосема успешно својот интернет простор го претворија во затворен „интранет“ (интранет - вообичаени приватни онлајн мрежи во рамките на некоја фирма или организација), а се со цел го се оневозможи пристапот на своитее жители до некои "несакани" информации, известуваат од "Репортери без граници".

"Сите спомнати држави се разликуваат од останатите не само по тоа што им го цензурираат пристапот до интернет содржините на своите жители, туку и систематски ги прогонуваат проблематичните корисници на интернет", стои во соопштението од организацијата.

Репортери без граници има „на око“ уште 10 други земји поради некои необични потези поврзани со интернетот, а меѓу кои се најдоа и Австралија и Јужна Кореја. Целосниот извештај може да го симнете тука

 

Copyright © 2009 selotejp.com