-->

Екстремно овчарство

Неодамна прочитавме дека нашите сточари не можеле да најдат овчари ни за плата од илјада евра. Откако го видовме ова, сериозно размислуваме да се пријавиме :)

Кој вели дека овците се досадни и дека досадно е да бидеш овчар? Освен непресушниот извор на тазе јагнешко и психички мир, можете да пробате и нешто како беќариве во видеово. На момците им симнуваме капа за инвентивноста и генијалноста, и од денес свечено ветуваме дека зборот "овчар" нема да го употребуваме повеќе во погрдно значење.

 

Copyright © 2009 selotejp.com