-->

Расте бројот на отпуштени работници низ светот


Американската економија најверојатно ќе почне да закрепнува во 2010 година- предвидува претседателот на американската централна банка Бен Бернанке.

Според него, состојбата на пазарот на труд во САД во наредниве месеци ќе се влошува, и стапката на невработеност ќе надмине 8,1 отсто. Но, постојат и навестувања за подобрување на ситуацијата.

Шефот на федералните резерви смета дека САД ќе успее да го стабилизира финансискиот пазар до крајот на оваа година , по што ќе следат стабилизација и рамнотежа на системот, кои пак ќе бидат основа за заздравување од последиците на кризата.

Бернарке изјави дека Соединетите Американски држави сепак ќе успеат да ја совладаат економската рецесија и нема да дозволат да се повтори 1929 година, кога земјата ја тресеше депресија. Интересен е фактот што ова е првпат во последните 20 години актуелен шеф на најсилната централна банка на светот , јавно да даде изјава.

Сепак , во моментов рецесијата е во полн ек и откази се делат насекаде во светот.

Во соседна Србија процентот на невработеност од ноември до сега е драстично зголемен. Статистиката покажува дека нашиот северен сосед отпушта дури по 10 илјади лица месечно, од почетокот на кризата. Српските власти дури најавуваат дека во наредниот период се поголем ќе биде бројот на работници ќе бидат прогласени за технолошки вишок.

И најголемата Швајцарска банка УБС најавува кастрење на 5000 работни места. Од нив 2500 се предвидени за менаџери кои работат во секторот за управување со имот. Компанијата во февруари веќе отпушти 2000 работници кои работат во филијалите ширум светот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com