Убавата Ева која со години високо котира на различните избори за најсекси жена призна дека пријатно се изненадила со оваа титула на TV Guide, затоа што ликот Габи, кој таа го глуми во серијата ’Очајни Домаќинки’ во последната сезона не бил угледен како порано.
“Тајмингот за оваа титула е поприлично смешен, но не е помалку блескав. Ми се допаѓа што Габи му одолеа на времето, заедно со лошите фризури и вишокот на килограми, и што и покрај се успеа да биде подеднакво секси.“- изјавила Лонгорија.
Со изборот на TV Guide се согласува и сопругот на Ева, кошаркарот Тони Паркер.“Мојот сопруг смета дека сум најсекси наутро кога ќе се разбудам, тој вели дека му е најубаво да ме гледа додека се будам.“- се пофалила Ева.
За најсексапилен TV актер е прогласен Австралиецот Сајмон Бејкер кој глуми во серијата ’Mentalist’ и така после две години го симна од тронот најсексапилниот актер, добро познатиот Dr. McDreamy, од Grey's Anatomy, Патрик Демпси.
“Сопругата утринава ми рече дека веднаш би ми ја одземале титулата кога би виделе како изгледам наутро. Ова е охрабрување какво што во моментов ми е навистина потребно, затоа што морам да го одработам снимањето на кое треба да изгледам навистина секси. “- изјавил Бејкер.