-->

На повидок лек за анорексија?

Дури 70% од анорексичните деца и млади покажуваат знаци на проблеми со невротрансмитерите, хемиски супстанци кои имаат улога на комуникациски средства помеѓу невроните.

Според истражувањето, кај овие личности доаѓа до физичка промена на мозокот уште во пренаталната фаза, односно - уште пред да бидат родени.

Поради тие проблеми, кај овие луѓе постои поголема веројатност во текот на својот живот да се соочат со некакво пореметување во начинот на исхраната. Авторите на ова истражување веруваат дека нивното откритие би можело да помогне во создавање на лек за анорексијата.

"Нашето истражување покажа дека мозокот на одредени деца е осетлив на веќе познати ризични фактори кои влијаат во пореметувањето во начинот на исхраната" - појаснува Јан Фрамптон, еден од истражувачите во овој проект.

 

Copyright © 2009 selotejp.com