-->

Македонија ја изгуби организацијата за кадетско ЕП во ракомет

На последниот состанок во Виена, Европската ракометна федерација (EHF) донесе одлука со која на Македонија и е одземена организацијата за Европско првенство за ракометарки до 17 години.

Наместо во Македонија, EHF одлучи домаќин на првенството да биде Србија.

"Федерацијата на овој чекор се одлучи во договор со Ракометната федерација на Македонија. Со оглед на тоа дека во Македонија во скоро време се одржаа дури три големи настани, EHF реши дека организацијата на двете јуниорски светски првенства и едно сениорско европско првенство за ракометарки би ги оптоварило македонските ракометни власти."

"Поради тоа, Европското првенство за кадетки ќе се одржи во Србија", се вели во соопштението од Европската ракометна федерација.

 

Copyright © 2009 selotejp.com