-->

Збогум Енкарта

Иако во официјалното соопштение од Microsoft не се наведува, сосема е јасно дека за гасењето на сите сегменти на енциклопедијата Encarta главен виновник е сеприсутната Wikipedia.

"Веб страниците на MSN Encarta ги гасиме на 31-ви октомври, освен оние од јапонската верзија кои ќе прекинат со постоење на 31-ви декември. Исто така, софтверските решенија Microsoft Student како и Encarta Premium нема да може да се купат после мај оваа година“, стои во написот на официјалните страници на Encarta.

"Корисниците во денешно време бараат информации на прилично поинаков начин од досега вообичаенио, па од таа причина одлучивме Encarta да го заврши своето постоење“, продолжуваат од Microsoft.

Иако официјално и логично не се наведува, сосема нормална е претпоставката дека за крајот на Encarta основен „виновник“ е Wikipedia. Само за споредба, на англиската верзија на Wikipedia се наоѓаат речиси три милиони записи, додека Encarta на истиот пазар нудеше нешто повеќе од 40.000.

 

Copyright © 2009 selotejp.com