На официјална церемонија денеска во Басра е одбележан почетокот на повлекувањето на британските војници од Ирак, шест години по нападите во март 2003 година.
Церемонијата се одржа на аеродромот во Басра, каде се уште се распоредени 4.100 британски војници.
Знамето на британските маринци беше спуштено во присуство на британски, ирачки и американски офицери, меѓу кои и главниот командант на меѓународната коалиција во Ирак, генерал-полковник Рејмонд Одиерно.
Американските војници ќе ги заменат британските, кои до крајот на 2011 година конечно ќе се повлечат од Ирак.
- Ова е почеток на распаѓањето на коалициските сили, од кои Велика Британија беше нераздвоен дел, истакна британски офицер.
Британскиот контингент, во кој се наоѓаа 46.000 војници, беше вториот по значење по оној на САД. Од почетокот на нападите во 2003 година во Ирак загинаа 179 британски војници.