Мајкл Џексон ги шокираше организаторите на својата последна турнеја со желбата да се појави на сцената качен на слон, во придружба на пантери и тропски птици.
Мајкл Џексон сака неговата последна турнеја, која веќе ги сруши сите рекорди во брзината на распродавање на картите, да биде запамтена како најголемата и најспектакуларната турнеја на сите времиња. Оваа грандиозност Џеко сака да ја постигне со помош на големиот број на егзотични животни, како африканскиот слон на кој би дојавал на сцената, а и со вклучување на пантерите, змиите, тропските птици и мајмуните во рамките на овие концерти.
Освен егзотичните животни пејачот очекува и соодветно човечко засилување на сцена, но не во видот на некој масовен хор кој би ги покрил евентуалните негови гласовни слабости, туку во формата на сто Масаи војници.
Неименуваниот извор на оваа информација додава: „Мајкл сака неговата последна турнеја да биде најспектакуларна. На делот од концертите кој тематски е поврзан со џунглата тој сака да дојава на африкански слон, кој на златни ланци би бил воден од пантери. Папагалите и останатите птици би летале зад него“.
Организаторите разбирливо, не се најсреќни од Џексоновиот избор на сценски партнери, а причините се цените за осигурување и организациите за заштита на правата на животните, кои се противат на користењето на дивите животни во вакви шоуа.