Тина Тарнер покажа дека годините за неа претставуваат само бројка. На концертот во лондонската О2 арена, публиката уживаше во нејзиниот настап. Во очи на 70-от роденден, владееше на бината во манир на двојно помлада пејачка, а многумина коментираа дека во костимот изгледаше како да и е баба на Бијонсе :)
Двоиполчасовниот концертен спектакл го отвори со класиката Steamy Windows опкружена со млади танчерки во еднакво блескави костими. Со оваа турнеја, Тина слави пет децении во самиот врв на музичката сцена.