-->

Левитација на Принцезата на Инките

Aтрактивната Принцеза на Инките, со вистинско име Клаудија Пачеко, ги воодушеви насобраните левитирајќи 40-тина сантиметри над земјата. Како и успеа? Од кај да знаеме...погледнете и пресудете сами.

Клаудија Пачеко позната под уметничкото име Принцеза на Инките, привлече многу гледачи на перформансот кој во петокот го изведе во Лима. За прв пат пред камерите, Клаудија лебдела во воздух 30-40 сантиметри над земјата среде централниот градски поштад.

Левитирала во класичната јога позиција и помагаќји се само со еден стап од бамбус.

Иако Пачеко не сака да ја открие својата тајна, еден од начините на кој илузионистите и пркосат на гравитацијата е седењето на простор кој е поврзан со некој помошен стап или палка. Сето заедно редовно е покривано со широка облека која паѓа надолу.

 

Copyright © 2009 selotejp.com