El Vergatario е името на мобилниот телефон кој го претстави контроверзниот претседател на Венецуела, Хуго Чавез. Телефонот би требало да се продава по цена од само 14 долари.
Со обзир на ниската цена, нормално е да се очекува и голема побарувачка, па затоа како за почеток ќе бидат произведени повеќе од четири милиони парчиња од овој уред. За оваа цена корисникот нема да добие само уред преку кој ќе може да телефонира и праќа СМС пораки, туку и MP3 player, радио приемник и 2 мегапикселна камера.
Мобилниот телефон ќе го произведува компанијата Vetelca, која е во мнозинска сопственост на владата на Венецуела, додека останатиот дел (околу 15%) припаѓа на кинеската компанија ZTE.