-->

Џексон сака да посвои

Мајкл Џексон, чија кариера доживеа крах поради обвинувањето за педофилија, планира да го прошири своето четиричлено семејство и да посвои дете. Џексон веќе има два сина и ќерка.

Според изворот близок на контроверзниот пејач, Џексон планира да посвои дете од Британија, за време на неговиот престој таму, каде ќе одржи повратнички концерти.

Џексон има три деца: 11 годишниот Принс, 10 годишната Парис и петгодишниот Принс Мајкл II.

Постарите две деца се од неговиот брак со медицинската сестра Дебора, а мајката на најмладото дете не е позната.

 

Copyright © 2009 selotejp.com