Млекопроизводителите од битолскиот дел на Пелагонија веќе нема да соработуваат со „Сведмилк“ зашто млекраницата се уште не им го исплати долгот за последните седум месеци. - На последната средба ни беше речено дека денеска ќе ни бидат исплатени 20 отсто од средствата, дека февруарскиот дел ќе биде префрлен во целост и дека потоа на секои 15 дена, до мај, ќе ги добиваме останатите пари, изјави фармерот Душко Илиевски на денешната средба со новинарите во Битола. Според него, доколку договорат поволни и стабилни услови, сточарите најверојатно ќе почнат да го предаваат млекото во прилепската млекарница. - Во меѓувреме не се откажуваме од нашите пари и ќе продолжиме со протести, посочи Илиевски. „Сведмилк“ на македонските фармери им должи околу четири милиони евра. |
Битолските фармери ќе ја прекинат соработката со Сведмилк
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)