-->

Банкарите го поддржаа планот на Обама

Претставниците на најголемите американски банки денеска го поддржаа планот на претседателот Барак Обама за ослободување на финансиските институции од „лошите“ долгови, но предупредија дека не се согласуваат со претседателот за сите прашања.

- Обама денеска ја нагласи потребата за изнаоѓање на решенија за лошата, „токсична“ актива со цел банките повторно да можат да одобруваат заеми изјави по состанокот портпаролот на Белата куќа, Роберт Гибс.

Состанокот се одржа во Белата куќе пред самитот на Групата 20, што треба да се одржи на 2 април во Лондон, каде Обама и другите лидери ќе ги објават мерките за спас од рецесијата во САД.

- Главната порака е дека сме овде сите заедно, истакна извршниот директор на банката „Велс Фарго“, Цон Стамп.

На состанокот во Белата куќа присуствуваа 15 директори на големите американски банки, меѓу кои „Голдман Сакс“, „Ситигруп“, „Фреди Мек„, „Банка Њујорк“, „Морган Стенли“ и други.

 

Copyright © 2009 selotejp.com