-->

Лични карти ќе се издаваат и за викендот

Управните служби задолжени за издавање на лични карти од Министерството за внатрешни работи ќе работат утре и во недела.

МВР известува дека Управните служби непрекинато ќе работат со цел да им излезат во пресрет на граѓаните во однос на непречено остварување на нивното гласачко право.

Во текот на утрешниот ден, од 7 до 19 часот, ќе бидат примани барањата за лични карти, а заинтересираните граѓани истото ќе може да го сторат и во недела од 7 до 12 часот.

Изработените лични карти ќе се издаваат се до затворањето на избирачките места, односно до 19 часот во недела.

 

Copyright © 2009 selotejp.com