-->

Робињо демантира дека користел дрога

Фудбалерот на Манчестер Сити експресно ги демантираше изјавите на неговиот сонародник Пеле, кој изјави дека поранешниот играч на Сантос и репрезентативец на Бразил конзумирал дрога.

Портпаролот на Робињо изјави дека неговиот клиент е изненаден од изјавата на Пеле и гневен поради неоснованото обвинување за користење на наркотици.

"Категорично ги отфрламе таквите обвинувања и во целост ја демантираме изјавата дека Робињо се дрогира. Веќе се обидовме да стапиме во контакт со Пеле и да ја расчистиме оваа непријатна ситуација, кој тој ја создаде. Сепак, не ја исклучуваме можноста дека станува збор за недоразбирање и грешка во комуникацијата", изјави вчера гласноговорникот на напаѓачот на Манчестер сити.

Дури и менаџерот на клубот во кој моментално настапува Робињо, Марк Хјуз, се огласи со официјален став за случајот. Тој изјави дека Пеле треба да внимава што зборува, затоа што со неосновани обвинувања може само да им наштети на фудбалерите. Марк Хјуз додаде дека клубот има ригорозни допинг контроли и дека досега немале никаков проблем со ниту еден од играчите.

 

Copyright © 2009 selotejp.com