Британски еволуционист смета дека ја открил тајната на добриот хумор. Вели дека сите шеги можат да се поделат во осум структури, кои човечкиот мозок ги препознава, а тоа не тера на смеење. Едноставно.
Постојат осум начини на кои можете некого да го насмеете, тврдат научниците кои наводно го нашле клучот на добриот хумот.
Алистер Кларк, британски еволуционист, дошол до овој заклучок откако проучил 20.000 примероци на хумор од 14-ти век па до ден денес. И, целиот хумор, како што тврди, би можел да се подели на осум структури, без обзир на цивилизацијата, културата или личниот вкус.
"Иако на некои им се чини бизарно, овие осум структури се вистински стимуланси кои не тераат на смеење, без обзир на содржината на хумористичната серија која ја гледаме или смешните случки кои ги слушаме".
Тој тврди дека мозокот потсвесно ги бара овие структури и кога ќе ги открие го наградува својот труд.
"Понекогаш само една структура е доволна да биде причина за смеење, а најчесто се работи за повеќе комбинации од нив. Теоретски, нема граници на бројот на комбинации на спомнатите структури кои не тераат на смеење".
Меѓу структурите се наоѓаат "позитивното повторување", "скала", потоа "квалификација" (познатите зборови се изговараат на непознат начин, па "квалитативна реконтекстуализација" (кога нешто што добро го знаете ќе се промени), "примена" (кога нешто има двојно значење), "поделба", кога го раскажуваат "различни луѓе" и "контраст" (ја покрива иронијата и сарказмот).
Овие структури не се водич за потенцијални комичари, но би можеле да им помогнат на сценаристите да ги поправат нивните сценарија