Еден американски стјуард кој работи за авио-компанијата Southwest Airlines во Оклахома ги развеселува патниците со невообичаениот пристап кон безбедносните предупредувања пред секој лет. Момчето на разгласот наместо да ги држи вообичаените говори, ги рапува :)
Дејвид Холмс на необичен начин му пристапува на задолжителното обраќање кон патниците во авионот со цел да ги развесели нив, а себеси да се релаксира од сувопарното повторување на една иста работа илјадници пати. Прво, бара од патниците да му држат ритам со трање со рацете и нозете, а потоа преку рапување им ги соопштува стандардните безбедносни мерки пред летот.
Вакво ритмично музичко соопштение пред извесно време доживеале патниците на компанијата на еден домашен лет во Оклахома, а еден патник го снимил со дигитална камера и снимката ја објавил на YouTube каде има околу 200.000 прегледувања.
„Денес работев на пет летови и не можам веќе да го повторувам вообичаеното досадно најавување за тековниот лет...ми се спие од тоа“, изјави Дејвид во прилогот за CNN кои направија мини репортажа за иноваторот стјуард.
Неговата итнерпретација завршува со силен аплауз. „Првиот пат не знаев како ќе изреагираат патниците, но бев добро расположен и сакам да се забавувам на работното место. Луѓето на излегувањето од авионот ми зборуваа дека тоа им бил прв пат воопшто да ги слушаат сигурносните упатства“, објаснува Холмс.