-->

Фејсбук кон светска доминација

Фејсбук, кој е веќе достапен на четириесетина јазици, ја воведе својата арапска и хебрејска верзија. Се чини дека Фејсбук одлучил да го покори целиот свет.

„Сакаме Фејсбук со тек на време да биде достапен на сите светски јазици“, објавија администраторите на веб сервисот. Во подготовки се имплементирањата на уште шеесетина јазици во Фејсбук.

Aрапската верзија е секако контроверзна, бидејќи и покрај солидниот број на корисници кои го користат арапскиот јазик, во некои земји Фејсбук беше забрануван, а дури и духовните лидери пропагираа дека корисниците треба да се откажат од користењето на услугите на мрежата. Врв на апсурдноста беше минатогодишното убиство на едно девојче од Саудиска Арабија од страна на нејзиниот татко, кој откако ја затекнал како преку Фејсбук комуницира со некој маж, ја претепал до смрт.

 

Copyright © 2009 selotejp.com