Рекламата за кварцање преку монитор, додека седите на работа, привлекла милиони посетители за два месеци. На web страната http://www.computertan.com/ наводно ве очекува најновото научно откритие спроведено во пракса – претворање на електрони во ултравиолетови зраци.
На разочарување на луѓето кои навистина би сакале на работа да изгледаат како штотуку да се вратиле од плажа. Страната се покажала како исклучително добар трик за информирањето на луѓето за штетноста на UV зрачењето. Со притискање на опцијата за бесплатна проба, љубопитните ги дочекала слика на солариум со порака “UV зрачењето убива“.